Тешко повреден мотоциклист во Скопје

Вчера во 14.30 часот било пријавено дека на улица „Македонско-косовска бригада“ Ш.З.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, изгубил контрола и паднал. Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ Скопје, за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

Loading...