Тие не се Том и Џери, откриено кои се вистинските имиња на популарните цртани ликови

Loading...

Цртаниот филм „Том и Џери“ е создаден во 1940 година. Од таа година до 1958, компанијата МГМ произвела 114 цртани филмови со овие ликови.
Во меѓувреме, овој цртан филм имаше поголем број телевизиски реинкарнации. И покрај тоа што се светски популарни, јунаците од цртаниот филм имаат други имиња. Ретко кој знае дека Том и Џери не се вистинските имиња на овие анимирани ликови.
Во новата видео игра МултиВерсус пишува дека полното име на Том е „Томас Џаспер Мачор постариот“, додека Џери се вика „Џералд Џинкс Гушецот“. Том и Џери се само нивни прекари.
Според наводите на сајтот CNET, кога цртанот „Том и Џери“ првпат дебитирал на телевизија пред повеќе од 80 години, главните ликови се викале Џаспер и Џинкс

loading...
Loading...