Тие тројца се пар и очекуваат дете: „Ќе ги усогласиме хормоните и заедно ќе добиеме бебе“

Loading...

Мајк и Ло Тејлор биле сосема обичен брачен пар додека во нивниот живот не влегла Џес Вудсток. Кратко потоа тие тројца започнале врска, а сега очекуваат и дете.
„Се запознавме случајно. Ло и јас секогаш бевме отворени за секс со уште едно лице, а тоа и се случи со Џес. Меѓутоа, сфативме дека тука постои подлабока поврзаност и дека сакаме повторно да ја видиме. Така започна сè“, рекол Мајк.
„Работите во спалната соба станаа многу подобри откако Џес е со нас. Многу повеќе од тоа што можеш да видиш и допреш. Не нè гледам нас како 2+1, ние сме 3+0, во оваа врска сите сме еднакви“, рекла Ло.


После една година врска, одлучиле дека се подготвени за дете и Ло останала бремена на почетокот на годината. Џес сака да биде вклучена што е можно повеќе. Ќе ги синхронизираат нивните хормони со Ло, за да може да произведува млеко и да го дои детето.
„Џес секогаш ќе биде вклучена во одгледување на детето. Сакам таа да биде дел од детето, бидејќи ќе изгледа како Мајк и мене, но сакаме и нејзин ДНК. Многу мајки немаат прилика да се опуштат и да се одморат. Запознавме и друга тројка која има деца и навистина функционира одлично. Ова дете ќе има повеќе шанси од што мислите. Ние тројца едноставно не можеме да дочекаме да станеме родители“, рекла Ло.
Истакнале дека околината на почетокот не ги прифаќала, особено родителите и роднините, но сега тоа се променило.
„Секогаш зборуваа дека проблемите ќе настанат кога една од нас ќе остане бремена, но се случи токму спротивното. Поврзани сме повеќе од било кога“, заклучила Ло.

loading...