Тинејџер јадел само чипс и помфрит, па ослепел

Loading...

Седумнаесетгодишник од Велика Британија го загубил видот поради лоша исхрана која се состоела исклучио од чипс и од помфрит. Лекарите во Бристол тврдат дека ослепувањето е поради недостаток на витамини.
Откако го завршил основното училиште, тој јадел само чипс и помфрит, а повремено каснувал бел леб со шунка или колбас, пренесува „Би-би-си“. Медицинските испитувања покажале нему му недостигааа повеќе витамини и минерали.


Кога бил на преглед на 14 години се жалел на постојан замор и дека не се чувствува добро и тогаш ми било кажано дека има недостаток на витамин Б12. Лекарите му препишале витамински таблети. Но, тој не ги сменил навиките во исхраната и три години подоцна останал без вид.
На докторката која го лечела и кажал дека има гадење од одредна храна и поради тоа не јадел.
Ниту е дебел, ниту е неухранет, но состојбата му е таква што тој ги исполнува критериумите да биде прогласен за слеп. Има дијагноза нутритивна оптичка неуропатија која може да се лечи ако се открие на време. Ова е редок случај. Веганите имаат поголем ризик да заболат од проблеми поврзани со видот, изјави докторката која го лечи Британецот.

loading...