Тин ѕвездата Mајли Сајрус ја раскина свршувачката

Loading...

Сите знаци укажуваат на фактот дека Мајли Сајрус повеќе не е со згодниот австралијанец Лиам Хемсворт. Кога велиме сите знаци, мислиме на неговото флертување со други, и на тоа дека таа повеќе не носи прстен.
Поминаа речиси  четири години одкако Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт се запознаа и се вљубија на сетот на снимањето на филмот “Последната песна.” Мајли во тоа време веќе беше тинејџерска ѕвезда, а, Лиам само што пристигна во Холивуд со неговиот постар брат Крис. Потоа двајцата беа во врска неколку месеци, па ја прекинаа, потоа повторно се споија, и уште еднаш прекинаа, за минатата година, да се свршат во јуни. Мајли гордо го покажуваше  дијамантот од 3,5 карати кој Лиам и го стави на прст.
Кога некој ќе почнел да пишува или зборува за тоа дека меѓу нив нешто не во ред, Мајли на Твитер тоа веднаш го негираше, а Лиам дури во последното интервју во Cosmo ја спомена и неговата “музичарка”, додавајќи дека тој е многу среќен “, бидејќи ке стапи во брак.”  Но, се чини дека меѓу нив е готово.
Започнаа гласини дека Лиам ја изневерил Мајли со Јануари Џонс, попозната од “Момчето од Медисон”. Тие биле видени неодамна како влегуваат во ист автомобил и се упатуваат кон една од оскаровските забави. Многу попроблематичен е фактот дека на една од овие забави Лиам го поминал времето не одвојувајки се од Ема Вотсон, попозната како Хермиона Гренџер. Оние кои беа на истата забава велат дека австралијанецот не се двоел од колешката и постојано и се насмевнувал, барајќи начини да ја допре, со цел да ја шармира.
Дали успеал во тоа или не, не ни е познато. Познато е само дека тој замина во татковината, на снимање, а Мајли ја обои косата во платинесто руса, на Твитер повеќе не го споменува нејзиниот драг и не се брани од озборувањата, а во последните неколку денови не го носи ни нејзиниот свршенички прстен.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Сите знаци укажуваат на фактот дека Мајли Сајрус повеќе не е со згодниот австралијанец Лиам Хемсворт. Кога велим

loading...