Тирамису со малини

Освежителен десерт со слаб киселкаст вкус на малини и неодолив чоколаден крем.
Потребно е:
за кремот:
6 јајца
6 лажици шеќер во прав
450 г малини
500 г маскарпоне сирење
1 големо пакување пишкоти
300 мл сварено јако еспресо кафе
3 лажици мараскино ликер или рум
за чоколадниот крем:
200 мл павлака за готвење
100 г бело чоколадо
200 г црно чоколадо


Подготовка:
– Во еден сад изматете ги жолчките со шеќерот во прав. Додадете го маскарпоне сирењето и измешајте убаво.
– Во друг сад изматете ги белките во густ шлаг и полека додадете ги во изматените жолчки. Полека измешајте со дрвена лажица.
– За чоколадниот крем загрејте ја павлаката за готвење и во неа растопете го и белото и црното чоколадо. Оставете да се излади.
– Сварете го еспресо кафето и додадете го мараскино ликерот или румот во него.
– Пишкотите натопете ги во кафете и наредете ги во тава.
– Над пишкотите нанесете го чоколадниот крем, а над него наредете ги малините (ако се многу кисели претходно увалкајте ги во 2-3 лажици шеќер во прав).
– На крај целиот колач прекријте го со кремот од маскарпоне.
– Повторете ја истата постапка додека не ги потрошите сите состојки. На крај треба да завршите со кремот од маскарпоне и искапете со чоколадниот крем.
– Колачот ставете го фрижидер да се излади и потоа исечете го на коцки и послужете.

Loading...