Товарен брод гори во близина на Шпанија-екипажот се спасува со хеликоптери

Петнаесет членови на екипажот на товарниот брод “Гранде Еуропа” кој пловел покрај Мајорка евакуираа шпанските спасувачки екипи, откако на бродот избувна пожар. Во акцијата за спасување учествуваат два хеликоптера и три брода.
Бродот пловел под италијанско знаме, а до сега се спасени 15 од вкупнио 25 члена на екипажот. Останатите десетмина не сакале да се спасат, затоа што помагале при гаснењето на пожарот.
Нема информации што го предизвикало пожарот и колкави се оштетувањата, ниту информации за повредени членови на екипажот.

 

Loading...