“Том Круз ми беше еден од најдобрите љубовници!”

Loading...

Мултиталентираната икона на шоу бизнисот – Шер (72), открила во емисијата на водителот Џејмс Корден, дека Том Круз ѝ бил “меѓу топ 5-те љубовници”!
Пејачката и актерот се запознале во 1985-та година на венчавката на Манода и Шон Пен, а после тоа имале кратка афера.
Тоа што уште од самиот почеток ги поврзало е тоа што и двајцата имаат дислексија.
“Голем број на луѓе кои имаат дислексија, во една прилика беа повикани во Белата куќа, а и јас и Том сме дислексични. Дури подоцна излегувавме заедно, но тука се создаде конекцијата помеѓу нас”, рекла Шер во интервјуто за “Event magazin” и додала дека и понатаму се пријатели, но дека не го разбира неговото залагање во Саентолошката црква.

Во разговор со Опра Винфри, Шер додала дека со Том би била “голема романса”, доколку во тоа време немале “луди работни распореди”.
Таа исто така се потсетила и на други љубовници – поради бакнежот со Вал Килмер, мислела дека ќе ѝ експлодира главата, и понатаму е луда за басистот од бендот “Kiss Gene Simmons”, а Роб Камилети, пекарот кој е 18 години помлад од неа е “веројатно единствена вистинска љубов на мојот живот”, смета пејачката.

loading...