Том Нови бара ајвар и сирење пред сетот во Скопје

Loading...

Светски познатиот ди – џеј и продуцент Том Нови, кој на 16-ти февруари ќе настапи во Скопје во СЦ Борис Трајковски од организаторите побарал  задолжително пред настапот да јаде ајвар и сирење, комбинација која ја раскажува насекаде низ светот.Интересен е фактот што Том сам нагласи дека прва асоцијација за Македонија му претставува вкусната традиционална трпеза, топлата атмосфера во градските кафеани, како и најдобриот македонски специјалитет – ајварот, велат од Сан Продакшн.Притоа се истакнува дека светските познатиот  ди – џеј и продуцент со огромно задоволство ја прифатил поканата да настапи во Скопје и тоа во неговиот единствен слободен термин во изминатите, но и наредните шест месеци.Том најнапред на 14 февруари во Берлин ќе отвори сопствен ресторан, со што ќе го оствари својот долго посакуван сон, по што планира во Македонија да помине цел викенд за одмор и релаксација.Влезниците за забата која започнува во 23.00 часот се веќе во предпродажба по цена од 200 денари почнувајќи од среда, 7мифевруари, додека пак од 14ти до 16тифевруари истите ќе чинат 250 денари. Единствено во ЈУГОТОН и дистрибутивната мрежа на МК ТИКЕТС.
МакфаксСветски познатиот ди – џеј и продуцент Том Нови, кој на 16-ти февруари ќе настапи во Скопје во СЦ Борис Тр

loading...