Тони Шанац за Игор Југ: Точно знам што би им напишал сега на оние подгузни муви, тавтабити, дупеувлакачи и климоглавци читајќи ги како “тажат” за твојата смрт

Предавството и неправдата ги убиваат патриотите. Посебно ако доаѓаат од “своите”. Од другите се издржува, од инат ако од ништо друго. Познавајќи те некаде 40 години знам дека потешко ти падна молчењето на “пријателите” од било кој лош чин или збор од непријателите. Точно знам колку ти значеше дадениот збор, образот и честа.

Колку што ти значеше Хајдук. Точно знам што би им напишал сега на оние подгузни муви, тавтабити, дупеувлакачи и климоглавци читајќи ги како “тажат” за твојата смрт, кои можеа а не направија ништо за твојата слобода, за твоето семејство, за тебе. А ветија. Срамот е нивни а срам с’с сапун не се мие. Едноставно не можеа да ја поднесат вистината која само на тебе својствен начин им ја плескаше во лице. Ги болеше тоа што ти ја сакаш Македонија повеќе од сите нив заедно. И ќе ги боли додека се живи што и во смртта ги победи. Не се потчини никому.

Ќе недостасуваш брате. На Ивана, на децата, на малиот Југ што треба да дојде на свет за некое време, на Македонија, на Хајдук, на вистината ќе и недостигаш. Почивај во мир баба, брате, еден од последните бранители на Македонија Игор Југ. Вечна ти слава!

Фејсбук статус на актерот Тони Михајловски

Пронајдете не на следниве мрежи: