Топено сирење со Бешамел сос

Loading...

150 г Фета сирење
100 г овчо сирење
100 г кашкавал
150 г печеница или кулен
2-3 кечап
2-3 лажици Бешамел сос
1 лажица кисела павлака
300 г сечкани маринирани шампињони
1 лажичка оригано
Бешамел сос
30 г путер
1 1/2 лажица брашно
300 мл млеко
На растопениот путер непрекинато мешајќи испржете го брашното. Постепено додадете го млекото и варете додека Бешамел сосот да се згусне.

vkusno-topeno-sirenje-2

Најпрво земјениот сад се премачкува со маргарин или малку масло. Се става парчето фета сирење и се распоредува на дното со виљушка. Врз него се посипуваат 1-2 лажици од Бешамел сосот.
Се додава еден ред од маринираните шампињони. Над нив се додава кечапот и малку оригано заради арома. Сувомеснатото исечкајте го на поситни парчиња и распоредете го.
Врз сето тоа изрендајте кашкавал, па премачкајте го со уште 1 до 2 лажици од Бешамел сосот во кој доколку сакате може да додадете и кисела павлака.
Над овој слој додадете го издробеното овчо сирење и врз него изрендајте го преостанатиот кашкавал.
Вака подготвените садови  ставете ги во рерна на 200 степени и печете ги додека кашкавалот одозгора убаво не се растопи.

vkusno-topeno-sirenje-3

 

loading...