Топли, удобни и елегантни: Овие панталони ќе бидат апсолутен хит оваа сезона

Loading...

Постојат неколку модни парчиња без кои не можеме да ја замислиме својата гардероба без оглед на сезоната во која се наоѓаме и трендовите кои истата ги носи.
Покрај класичната кошула, малиот црн фустан и омилените фармерки, меѓу ултимативните модни фаворити се истакнува и парот совршени панталони со едноставен крој и сестран карактер.
По владеењето на тренди фустаните и здолништата кои во еден момент го преземаа главниот збор во женските гардеробери, во последниве неколку години панталоните се вратија меѓу фаворитите во секоја модна колекција и гардероба како едно од најсестраните модни парчиња.

 

View this post on Instagram

 

Morning coffee run ✨

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara) on


И додека секоја нова сезона истакнува нови фаворити, почетокот на секој нов модел на панталони всушност се наоѓа во едноставните кроеви и класичните модели. За да создадат модерно издание на омилените модели, модните брендови и дизајнери додадоа и бои, дезени и детали кои им даваат ефектен изглед и современ карактер.


За да создадат совршени панталони за есенските и зимските денови кои се пред нас, модните брендови и дизајнери оваа година им додадоа и дополнителна доза удобност која совршено одговара на „новото нормално“ во кое поголемиот дел од времето го поминуваме дома.


Кај најпосакуваните модели кои ќе ги носиме оваа есен, но и зима, се истакнуваат широки ногавици, пријатни и топли материјали и еластичен струк. Покрај удобноста која ја носат тие елементи, есенските панталони сè уште ги краси и доза на класична елеганција.
Тој неодолив спој на удобност и елеганција ќе ги истакне како совршен избор за дневен и вечерен, лежерен и деловен стајлинг.

loading...