Топло до 32 степени, попладне пороен дожд

Loading...

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни.


Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 8.
И во скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.


Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево и топло, а попладне ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде претежно северен. Нешто понестабилен период се очекува кон крајот на работната седмица.

loading...