Топло чоколадо на топ три начини

Loading...

Топло чоколадо може да се направи на многу вкусни начини, а ние ви донесуваме – на француски, во верзијата Red Velvet и со колачиња од бело чоколадо и бел слез.
Француското топло чоколадо е богато и кремасто, а оние што го пробале велат дека овој фин, длабок, раскошен вкус не може да се заборави. Во него се додава кафе, што го подобрува вкусот на чоколадото.
Постои и рецепт за фантастично топло чоколадо „Red Velvet“ во кое се става малку ликер од малина. Третиот рецепт е за бело топло чоколадо послужено со колачиња од бел слез.
Француско топло чоколадо
Состојки за 2 големи чаши или 4 помали:
1,5 чаша (2,4 дл) полномасно млеко
половина чаша слатка павлака
2 лажички шеќер во прав
половина лажичка еспресо во прав по ваш избор
220 грама црно чоколадо со најмалку 70 проценти какао, исецкано
шлаг за сервирање


Постапка:
Во тенџере, измешајте полномасно млеко, крем, шеќер и еспресо и варете на средно-висока топлина додека не се појават мали меурчиња околу рабовите. Не дозволувајте смесата да зоврие. Тргнете го од шпоретот, потоа додадете го исецканото чоколадо и промешајте додека не се стопи целосно.
Доколку е потребно, оставете малку повеќе на шпоретот, на тивок оган да се стопи чоколадото целосно и да се соедини со остатокот. Послужете топло со додавање на дарежлива количина шлаг, пренесува wellplated.com.
Red Velvet топло чоколадо


Состојки за две чаши:
125 грама млечно чоколадо
3/4 чаши полномасно млеко
1/4 чаша слатка павлака
1/4 чаша мешавина за торти Red Velvet (достапна во нашите продавници)
2 лажици чамборд или домашен ликер од малина (по избор, но ќе го подобри вкусот)
малку млеко за разредување на топлото чоколадо (по избор)
Постапка:
Ставете ја мешавината од чоколадо, млеко, крем и торта во тенџере и варете на средно-тивок оган, мешајќи постојано, додека не се загрее. Потоа додадете ликер од малина и истурете во чашите. Ако вашето топло чоколадо е премногу густо, додадете малку топло млеко, пренесува showmetheyummy.com.


Бело топло чоколадо
Состојки за 4 чаши:
4 чаши млеко
170 грама квалитетно бело чоколадо, исецкано
лажичка екстракт од ванила
прстофат сол
колачиња од бел слез
Постапка:
Во тенџере ставете млеко, чоколадо, ванила и сол и варете на тивок оган со постојано мешање додека не се стопи чоколадото и смесата не стане мазна. Потоа истурете во чаши, ставете колачиња од бел слез одозгора и послужете веднаш, пренесува celebratingsweets.com.

loading...