Топлo чоколадo со шлаг од кокос како омилен пијалaк оваа зима!

Loading...

Веганскиот пресврт на топло чоколадо е идеален за загревање во ладните денови. Со додавање на зачини како цимет, морско оревче, сушен портокал, ѓумбир – ова топло чоколадо ќе донесе насмевка на вашето лице.
Топлo чоколадo со шлаг од кокос како омилен пијалaк оваа зима!
Потребни состојки:
370 милилитри кокосово млеко (од конзерва)
250 милилитри бадемово млеко
1 лажица какао
2 лажици јаворов сируп
50 г црно чоколадо
2 лажички пченкарен скроб (густин)
4 лажици вода
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка сол


зачини по желба: цимет, морско оревче, ѓумбир …
кремот од конзерва кокосово млеко
Начин на подготовка:
Од конзервата кокосово млеко (кое беше во фрижидер) извадете две лажици од цврстиот дел. Остатокот измешајте го со течноста од конзервата и ќе добиете густо млеко.
Ставете го добиеното млеко во тенџере заедно со бадемовото млеко, какаото, јаворовиот сируп, црното чоколадо, солта и ванилата. Мешајте додека не зоврие.
Измешајте го скробот со вода додека не се раствори во водата, а потоа додадете во зовриената смеса и мешајте уште една минута.
Изматете го кремот од кокос што првично го извадивте. Ако сакате, додадете малку екстракт од ванила и промешајте една минута.
Сервирајте го топлото чоколадо во чаши, додадете го добиениот шлаг и изрендајте го чоколадото.

loading...