Топчиња од компири

Loading...

500 г компири
500 г брашно
200 г лебни трошки
сол
Сварете ги компирите, излупете ги, испасирајте ги и посолете. Потоа измешајте ги со брашното и  формирајте топчиња со големина на орев. Едно по едно ставајте ги во тенџере со зовриена посолена вода. Откако ќе испливаат на површината на водата со лажица решетка вадете ги од тенџерето и ставете ги на чинија. Оставете малку да се подизладат и свалкајте ги во лебни трошки.

loading...