Топ 10: Кои автомобили се најбарани во Русија?

Loading...

Lada сè уште доминира, но неколку модели на корејски брендови беа меѓу десетте најпродавани.
Најпродаваниот автомобил во Русија е повторно Lada Granta. Во февруари, 9.790 примероци од овој модел им беа доставени на клиентите, пренесува руски Autostat.
Ова не е изненадување, имајќи предвид дека Lada Granta веќе подолго време е на врвот на продажбата во Русија, иако Kia Rio имаше подобар резултат од тој во јануари.
Rio заврши втор во февруари, со испорачани 8.773 возила.
Третото е повторно Lada со моделот Vesta (8.745), додека четвртата позиција ја зазеде друг корејски модел, кросоверот Hyundai Creta (6.676).


Hyundai Solaris (познат на други пазари како Accent) е на 5-то место (испорачани 5.514 возила), додека шестата е Lada Niva (4.369) со скок од продажбата од 29% на годишно ниво.
Седмиот е Volkswagen Polo liftback (3.880), осми е Toyota RAV4 (3.869), а деветти е Lada Largus (2.824).
Листата на десет најпродавани модели на автомобили во Русија минатиот месец ја заокружува Škoda Rapid liftback (2.755).


На крајот, кога ќе гребнете малку под површината и ја повлечете линијата, забележувате дека 10-те најбарани модели во Русија се произведуваат во таа земја. Имено, покрај возилата на Lada, во Русија се произведуваат и останатите, „странски“ автомобили од оваа листа.

loading...