Топ 5 работи во домот на кои не смеете да штедите дури и кога сте „кнап“ со пари

Loading...

Од прозорци до добра инсталација, кога опремувате или реновирате дом на кои работи не смеете да штедите?
Буџетот често ни е ограничен, но сепак ако сакаме да се спасиме од главоболки во иднина и повторно давање на пари, тогаш на некои работи во домот не смееме да штедиме.
Не правете грешки при опремувањето или реновирањето на домот.
Работи на кои не смеете да штедите:


Квалитетни плочки – ако не сакате водата да им остави точки и влага и постојано да чистите.
Дрвени наместо ПВЦ прозорци – дрвените прозорци се двапати подолготрајни, еко пријателски се, лесни за одржување и нема да ви пожолтат со текот на времето.


Добра инсталација – за да не се нервирате во иднина затоа што немате каде да ги вклучите апаратите со време осмислете ја инсталацијата.


Врати – инвестирајте во убави врати и запомнете дека вратите со стакло ја уништуваат приватноста и не се со доволно добра звучна и термо изолација.


Рачки – при долго користење слоевите боја на металот се избледуваат, убаво би било на рачката да има некој друг материјал или ако сакате да бидат метални, одберете поквалитетна варијанта.

loading...
Loading...