Тортиљи со два вида сирење и тиквички

Loading...

Потребни состојки:
1 кромид со средна големина
2 средни тиквички
200 г варена пченка
2 големи јајца
200 г рендан пармезан
4 големи тортиљи
Сол и бибер
Маслиново масло
Друго сирење по желба
Начин на подготовка:
Исечкајте го кромидот и пропржете го со 2-3 лажички маслиново масло. Додајте ги и тиквичките кои ќе измиете претходно, ќе ги излупите и исечкате на помали коцки.
Посолете, додајте бибер и динстајте ги кромидот и тиквичките неколку минути.
Изматете јајца и промешајте со тиквички и кромид. Кога ќе бидат печени, тргнете ги од оган и додајте и варена пченка и пармезан, па промешајте.
На чинија ставете една тортиља, наросете ја со рендан кашкавал, распоредете половина од смесата со тиквички и јајца, повторно наросете со сирење и поклопете со друга тортиља. Префрлете ги тортиљите внимателно во тава, па прво пржете од едната страна 2-3 минути.
Потоа префрлете ги на другата страна и исто така пржете ги 2-3 минути додека да почне да се топи кашкавалот.
Повторете ја постапката со останатите тортиљи. Кога ќе бидат печени, исечете ги на триаголници и послужете.

loading...
Loading...