Тост со банана и мед

Loading...

Одличен доручек кој ќе го правите постојано.
СОСТОЈКИ:
4 парчиња леб
4 лажици рикота сирење
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица мед
1 банана
ореви по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во блендер ставете рикота и ванила, па блендирајте додека состојките не се поврзат и се создаде мек крем.
Додајте мед, измешајте. Лебот тостирајте го, премачкајте го со добиениот крем, додајте банани и посипете со омилените јаткасти плодови.
Уживајте!

loading...