Тошиќ Душко не се враќа во Кина, бидејќи Јелена е во многу лоша состојба! Што вели психијатарот?

На својот пријател Душко Тошиќ му се доверил дека не се враќа во Кина, бидејќи неговата сопруга Јелена е во многу лоша состојба по смртта на нејзината мајка и и помага да закрепне по загубата.
– Јелена има тешкотии по смртта на нејзината мајка и никако да си дојде на себе. Таа се уште е во тешка ментална состојба, не сфаќа дека Дивна веќе ја нема. Постојано плаче, пие седативи и речиси не зборува со никого. Душко никогаш не ја видел во таква состојба. Тој ја разбира нејзината болка и сака да и помогне, затоа што тој најдобро знае во колку добри односи биле Дивна и Јелена, и колку пати таа плачела додека нејзината мајка се борела со канцерот на белите дробови. Јелена постојано велела дека нема да може да поднесе ако Дивна умре, па затоа Душко се плаши дека сега може да си направи нешто лошо, вели изворот.
Ирена Поповиќ, психијатар во Клиничкиот центар “Д-р Лазар Лазаревиќ” вели дека луѓето кои загубиле некој близок поминуваат низ неколку фази на закрепнување.
– Тагата е примарна емоција која ни помага да ја прифатиме тешката загуба на лицето или на врската. Времетраењето зависи од поединецот, но можеме да кажеме дека обично трае од шест месеци до една година. Кога тагата по загубата трае подолго од овој период или со неа се појави и пад на самодовербата, можеме да зборуваме и за депресија. Нормално тагата има свои фази.
Првата фаза е шок, потоа неверување, фаза на лутина или бес, но подоцнежните фази се фази на прифаќање и реинтеграција. Успешно завршeниот процес на тагување доведува до созревање на личноста и психолошки раст. Крајот на тагувањето е моментот кога загубата што настанала може да се стави во контекст на животот и да се продолжи понатаму. Неминовно е и во перспектива да бидеме тажни кога ќе размислуваме за таа загуба и кога нешто ќе не потсети на тоа, но ќе продолжиме понатаму, објаснува Поповиќ.