
Новинарите на српски “Курир“ го посетиле домот на Драгутин во Крагуевац. Едвај стоејќи на нозе тој раскажал:
-Ги испратив на пат. Колку беа весели, децата скокаа, се радуваа…Каква е оваа трагедија, што е ова? Сè e завршено. Што ќе правам, како?, раскажал дедото. Веста за сообраќајката ја видел на телевизија.
-Видов црвен автомобил, исечен на парчиња. Ми се виде познат. Викнав полиција, ми кажаа дека тројцата загинале на лице место, а едното дете е префрлено во Белград, додал Драган.
Но, веста дека и вториот внук им подлегнал на повредите го докрајчила.
-Размислував за тој што ја предизвика сообраќајката. Ќе го тужам! Ми уби сè. Тоа ми е обврска како дедо, татко, сопруг, рекол Драгутин.