Трагедија во Скопје: Почина девојчето што вчера падна во базен

Loading...

Петгодишно девојче кое вчера паднало во базен во скопски ресторан починало утринава, информира МВР. Вчера во 21:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”. Утринава во 08:30 часот девојчето починало. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

loading...