ТРАГЕДИЈА ВО ЧЕШКА- луѓе панично скокаат од 13-кат за да се спасат од пожарот, оваа глетка не е за тие со слабо срце

Пожар во 13-катна станбена зграда во чешкиот град Бохумин однесе 11 животи, меѓу кои и на три деца.
Пет лица загинале откако скоканале од прозорците на високите катови на зградата. Најмалку 10 лица се повредени. Пожарот започнал од стан на 11-ти кат од зградата.
Според информациите на чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамшек, пожарникар се здобил со сериозна повреда.
Бохумин се наоѓа во источниот дел на Чешка во близина на границата со Полска.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.