Трагедија: Телото на починатата родилка на обдукција

Loading...

Вчера околу 07.00 часот во Клиничкиот центар Штип починала М.П. (28) од Свети Николе. Таа се породила на 13.06.2018 година околу 21.05, а здравствената состојба и се влошила, по што и била извршена дополнителна хируршка интервенција. Еден час по интервенцијата таа починала.
Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и извршиле разговор со медицинскиот персонал и семејството на починатата.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, кој наредил телото на починатата да биде дадено на обдукција во Скопје.

loading...