„Ја завршивме војната и во многу поголем обем воспоставивме мир и мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам вечен мир“, рече Трамп, објави Скај Њуз.
Во исто време, Трамп им се заблагодари на Катар, Египет и Турција за нивното посредништво и учество во мировните преговори и најави обнова на Газа.
„Мислам дека ќе видите некои огромни земји како се вклучуваат и инвестираат многу пари“, рече Трамп.
Американскиот претседател, како што рече, ќе „вложи напор“ да патува на Блискиот Исток, а церемонијата на потпишување на договорот ќе се одржи во Египет.
Израел и палестинската милитантна група Хамас денес потпишаа договор за прекин на огнот и ослободување на израелските заложници во замена за палестински затвореници, како дел од првата фаза од мировната иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Појасот Газа.



