Трамп го испрати протоколот за македонското членство во НАТО за ратификација

Loading...

Како што соопшти Белата куќа американскиот претседател Доналд Трамп го испрати за ратификација во Сенатот протоколот за присоединување на Северна Македонија во НАТО. Во писмото на Трамп до Сенатот се наведува дека “Северна Македонија е цврст партнер на САД во сферата на безбедноста, и нејзиното членство во НАТО ќе биде од значење за стратешките интереси на САД и Алијансата“. Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО беше потпишан до земјите членки на Алијансата на 6 февруари 2019 година во Брисел.

loading...