Трамп: До крајот на годината 100 милиони дози на вакцина за корона

Loading...

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека најмалку 100 милиони дози вакцини против коронавирус можат да бидат дистрибуирани во САД до крајот на годината.

 „Штом Агенцијата за лекови ја одобри вакцината … ќе можеме да дистрибуираме 100 милиони дози до крајот на 2020 година и значителен број долго пред тоа“, рече Трамп на прес-конференција, пренесува Ројтерс. 

Претходно, директорот на Центарот за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, рече дека вакцината против Ковид 19 може да биде во широка употреба до средината на следната година или малку подоцна.

loading...