Трамп повика 1 милион резервисти во борба со КОРОНА ВИРУСОТ

Loading...

Трамп повика 1 милион резервисти во борба со КОРОНА ВИРУСОТ

За да помогне во врска со итни случаи на коронавирусот „Ковид-19“, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се овластува повик до најмногу милион резервни воени лица во армијата, морнарицата, воздушните сили и крајбрежната стража.

Секретарите за одбрана и домашна безбедност – кои се надлежни за единиците на крајбрежната стража што не се подредени на морнарицата – сега се овластени да наложат одделни членови и единици на резервниот состав под нивна надлежност, да повикаат на активна должност но таа да не надминува 24 последователни месеци. Истакна Трамп во извршната наредба потпишан во петокот вечер.

Бројот на мобилизирани резервисти „да не надминува 1.000.000 членови на активна должност во исто време“. Пентагон и домашна безбедност треба да обезбедат „преземање на соодветни консултации со релевантни државни службеници“ за користење на резервите на Националната гарда активирани според оваа наредба.

Повикот е дел од голем број претседателски активности насочени против избувнувањето на Ковид-19 во петокот, вклучително и потпишување на „законот за стимул и олеснување од 2,2 трилиони американски долари“ – широко критикуван во Конгресот, но помина и покрај тоа!

Повикувајќи се на Актот за производство за одбрана на државата – да ги принуди производителите на автомобили да произведуваат вентилатори потребни за лекување на тешки случаи на коронавирус.

Трамп размислуваше повеќе од една недела дали да донесе ваков драконски акт, велејќи дека најголемите корпорации понудиле доброволно да ги почитуваат барањата за федерални снабдувања.

САД во моментов се епицентар на пандемијата, со најмногу случаи на заразени.

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

 

Прочитајте уште и ова:

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...