Тргнал да ги убие децата, сопругата и мајка му, откако не успеал си го пресекол гркланот

Четириесетгодишниот Бојан С. се обидел со истрели од пиштол да ја убие својата сопруга Гордана С.(37) во нивната куќа во Бечмен. Соседите слушнале три истрели, а четвртиот куршум се заглавил во цевката, по што Бојан себе си си го пресекол гркланот.
Со Брза помош е пренесен на реанимација, а неговата сопруга со повреди на подлактицата исто така е во Ургентниот центар. Според последните информации, Бојан е во тешка состојба и се наоѓа на интензивна нега.
Брачниот пар има син (13) и ќерка (10) кои присуствувале на хоророт. Како што се дознава Бојан С. се обидел да ги убие сопругата, мајката, па дури и децата.
Соседите изјавиле дека се работело за мирно семејство, кое досега немало никакви проблеми.

Loading...