Тргнал за Рим, па завршил во Германија- пензионер слепо ја следел навигацијата, па завршил на погрешно место

81-годишен Британски возач тргнал на патување во Рим, за да го посети Ватикан, но вклучил сателитска навигација и почнал да ја следи.
Меѓутоа, тој по грешка напишал „Ром“ наместо „Роме“ па навигацијата го однела во западна Германија. Имено, таму имало мало место наречено Ром.


Кога навигацијата го известила дека стигнал да одредиштето, тој излегол од автомобилот за да го види Колосеиумот, но единствено што можел да види е една улица од ова мало место и селска куќа.
А, за да биде полошо, тој заборавил да ја крене рачната кочница, па неговиот автомобил тргнал назад и удрил во знак на кој пишувало Ром.
На тој начин се дознало за неговата авантура, а локалната полиција го нашла човекот на 1.500 километри далечина од италијанскиот главен град.