Тргна процесијата на кардиналите кон Сикстинската капела

Loading...

Сто и петнасетте кардинали коишто избираат собрани во Апостолската палата во Ватикан тргнаа во свечен процесија во вторникот попладне од Капелата на свети Павле кон Сикстинската капела, каде попладнето ќе започне изборот на 266-от поглавар на Римокатоличката црква.

 Во традиционалната процесија, со Литанијата од сите свети и повикувањето на Светиот Дух во напевот „ Veni, Creator Spiritus” (Дојди, Творецу, Свет Духу), кардиналите ќе дојдат до славната Сикстинска капела. Во Неа прво ќе го слушнат убедувањето за избор на папата од малтешкиот кардинал 87-годишниот Просперо Гречо и потоа уште еднаш ќе го положат заветот за молчење држејќи ја раката на отворено Евангелие.
Потоа челникот со папските литургиски славења Гвидо Марини ќе извикне „Extra omnes” (Сите надвор), ќе ја затвори портата на Сикстинската капела со што изборот на новиот Папа може да започне. Пред гласањето, а во вторник ќе има само едно – попладневното, кардиналите меѓу сее со ждреб ќе изберат деветмина кои ќе учествуваат во делењето на ливчињата, нивното броење и проверката.
Во вторникот претпладне сите кардинали учествуваа на мисата „Pro Eligendo Romano Pontifice” за изборот на Папата. Мисата ја водеше деканот на Кардиналскиот совет Анџело Содано која поради неговата возраст од 85 години, нема да може да влезе во конклавите.
Кардиналот Содано во беседата му оддаде признание на „брилијантниот понтификат” на Бенедикт Шеснаесетти и го помоли Господ за уште еден „добар пастир” на чело на Црквата. Евангелизацијата и единството на Црквата ги нагласи како главни задачи во претстојниот период.
Шеесетина кардинали електори доаѓаат од европските земји од кои 28 се од Италија, 19 од земјите од Латинска Америка, 14 од Северна Америка, 11 се од Африка, десет од азиските земји и еден од Океанија.
Просечната возраст на кардиналите електори изнесува 71 година, а 67 од нив беа именувани од папата кој се повлече Бенедикт Шеснаесетти.
Добрите познавачи на состојбите во Ватикан за најсериозни кандидат ги сметаат Италијанецот Анџело Скола и Бразилецот Одило Педро Шерер. Доколку биде избран Скола, папството по 35 години повторно ќе се врати во Италија, откако се` до папата Јован Павле Втори, 455 години на чело на Ватикан беа Италијанци. Изборот, на Шерер, пак, би значело дека има неевропски папа првпат во 1.300 години.
Сто и петнасетте кардинали коишто избираат собрани во Апостолската палата во Ватикан тргнаа во свечен процесија во вто

loading...