Тренчевска: Граѓанскиот сектор е важна алка во борбата против родово базираното и семејно насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на состанокот со Националниот Сојуз за Родова Еднаквост. На состанокот беа соопштени препораките од страна на сојузот кои се резултат на тркалезната маса на тема „Заедно до брзо решение на насилството врз жените и семејното насилство“ која се одржа изминатиот период.

в

„Нашата држава во 2017 година ја потпиша Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, која беше ратификувана во 2018 година. Следствено на тоа беше усвоен ,,Акцискиот план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство на Република Македонија 2018-2023“ рече Тренчевска.

Министерката особено ја истакна важноста на соработката помеѓу институциите за успешно справување со насилството и додаде дека од особена важност се заложбите на Националниот сојуз за родова еднаквост како и нивните препораки кои ќе бидат земени во предвид во работата на институциите кои се занимаваат со прашањето за насилството и родовата еднаквост.

„Во моментот во тек е евалуациската посета на независното експертското тело при советот на Европа за имплементација на Истанбулската конвенција, кои што со своите препораки уште повеќе ќе влијаат на успехот во соодветната имплементација на конвенцијата “ истакна Тренчевска.

Препораките од страна на Националниот Сојуз беа во насока на зајакнување на капацитетите во јавните установи, подигање на јавната свест за насилството, имплементација на прекршочни одредби за правните лица кои не постапуваат по закон и воспоставување на локални координативни тела на целата територија на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.