Тренчевска за Топ Тема: Пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 6.8 отсто, согласно новата методологија за усогласување

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на Топ Тема на ТВ Телма информираше дека информацијата за предвремена исплата на пензиите усогласени со новата методологија  е усвоена на денешната Владина седница и исплатата започнува на 29 септември.

„Согласно новата методологија септемвриските пензии ќе бидат зголемени за  6.8 отсто, со што ќе се овозможи пензионер со просечна пензија кој зема 16.348 денари, сега да зема 17.450 денари. Пензионер со пензија од 25.000 денари ќе добие зголемување од 1700 денари, а пензионер кој имал пензија од 28.000 денари, ќе добие зголемена пензија за 2000 денари. За разлика од претходните влади, популистичките мерки и линеарно зголемување на пензиите, кои  не влегуваа во основицата на пензијата, овие зголемувања влегуваат во основицата на пензијата. Во март следува повторно зголемување на пензиите согласно оваа методологија. Тоа е градење на систем и вистинска грижа за пензионерите,“ истакна Тренчевска.

Министерката воедно на сите пензионери им го честиташе Денот на пензионерите на Македонија -20 септември.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.