Тренчевска: „Јас сум повеќе од она што се случи, јас сум само дете“ да биде водилка во  обезбедувањето на правда за секое дете

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на настан во организација на УНИЦЕФ, насловен „Преглед на реформите поврзани со правдата за децата“, на кој зборуваше за тоа како системот за социјална заштита може да допре до најранливите деца, обезбеди превенција и да ги заштити децата кои веќе се во контакт со правосудниот систем.

„Јас сум повеќе од она што се случи, јас сум само дете“ да биде водилка во  обезбедувањето на правда за секое дете, “ истакна министерката Тренчевска  на панел дискусијата, на која беше емитувана вистинска приказна од дете во ризик односно дете во судир со законот.

Тренчевска посочи дека министерствата  за правда, образование и наука, внатрешни работи и министерството за труд и социјална политика, а во соработка со граѓанските организации и поддршка на меѓународните организации, односно преку мултисекторска координација и пристап треба да обезбедат правилен раст и развој на децата и нивно целосно и правично учество во општеството. Затоа што, како што потенцираше министерката, инвестирањето во децата е најдобрата инвестиција во една држава.

Таа упати  дека од големо значење за правилниот детски развој е детето да биде вклучено во предучилишното воспитание и образование и понатамошниот образовен процес. Во годините на развој, големо влијание има и пристапот и работата на стручниот кадар во градинките и училиштата.

„Кога се зборува за „дете во ризик“ се зборува за дете кое има некаква попреченост, детето е жртва на насилство или е воспитно и социјално запуштено, дете сведок на насилство и поради таквата состојба многу лесно може да тргне по погрешниот пат. Овде е клучната улога на Центрите за социјална работа и министерството за труд и социјална политика, преку реформите во системот на социјална заштита од 2019 година, и воведувањето на водители на случај или кејс менаџмент, да ги детектираат оние семејства каде имаме ранливост и ризик , децата од тоа семејство покажат или да бидат вклучени во некакви девијантни или деликвентни однесувања односно да дојдат во контакт или судар со законот, “ рече Тренчевска.

Таа зборуваше и за процесот на деинституционализацијата која е дел од социјалната реформа преку која гломазните институции се заменија со мали групни домови, кои на децата без родители и децата во судир со законот им обезбедуваат 24 часовна поддршка од стручен тим и пријатна семејна атмосфера.

Министерката истакна дека потребна е понатамошно унапредување на законските решенија, подзаконските акти и стратешки документи кои ги даваат насоките за постапување на институциите.

„Мултисекторскиот пристап на институциите има клучно значење особено во процесот на превенција, креирањето на политиките, за да овозможиме секое дете го оствари својот сон и му обезбедиме  правилен раст и развој,“ порача Тренчевска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.