Трета среќa: Шон Пен се ожени со 31 година помлада актерка

Loading...

Познатиот актер Шон Пен  повторно стапи во брак на 59 годишна возраст со Леила Џорџ, 28 годишна возраст со која неколку години беше во врска.

Филантропката Ирена Медавој, сопруга на продуцентот на „Црниот лебед“ Мајк Медавој, синоќа му честиташе на парот преку Инстаграм. „Презадоволни сме што Лејла Џорџ и Шон Пен се венчаа. Ве сакаме“, објави таа за парот.

Двојката е во врска од 2016 година. Тие се видени оваа недела во Малибу на вечера со синот на Пен, Хопер.

Славниот актер претходно беше оженет со Робин Рајт и со Мадона.

 

loading...