Трет ден жалост за 45-те жртви од автобуската несреќа

Loading...

Во Македонија денеска е трет ден на жалост по сообраќајната несреќа на македонскиот автобус во која на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 45 патници, а седум се повредени.
Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија.
За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.
Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа вчера беше прогласен и во Бугарија и во Косово.

loading...
Loading...