Тригодишно девојче добило мозочен удар на своето прво летување

Loading...

Тригодишно девојче се бори за сопствениот живот откако доживеало мозочен удар на семејното летување во Португалија.
Холи Алкок од Стафорд заедно со нејзината мајка, татко и помалиот брат за прв пат отишла на летување, кое за жал завршило со колабирање само три дена откако тие пристигнале. Девојчето доживеало мозочен удар, по кој била префрлена во болница во Лисабон.
Холи и понатаму не може да седи, стои или зборува, но нејзините родители велат дека состојбата се подобрува. Нејзиниот татко Марк изјавил дека ова е “најголемата ноќна мора на секој родител”.
“Таа е како беспомошно новороденче”
“Мораме да ја научиме се отпочеток, од говор до движење. Холи сепак може да слуша и разбира, а дури и се смее на некои наши шеги што е одличен знак. Нозете полека ѝ закрепнуваат”, изјавил Марк за “Daily Mail”.


“И понатаму не може да седи или јаде нормално. Одиме со мали чекори, долг е процесот на закрепнување. Но, Холи е забавно, самоуверено девојче кое сака да танцува и пее. Отсекогаш имаше посебен карактер, а сега е како беспомошно новороденче и тоа е тажно за гледање. Ова е нашата најголема ноќна мора, по 14 часа сме во болница”, објаснил таткото.
На девојчето пред патувањето ѝ бил дијагностициран тонзилитис, односно воспаление на крајниците, но со помош на антибиотици таа брзо оздравела. Родителите ја однеле Холи во Португалија, но три дена подоцна таа изгубила свест и завршила во болница.
“Нашата ќерка имала тромбоза”
“Беше ужасно, осум или девет доктори стоеја во нејзината мала соба. Мислевме дека станува збор за дехидрација, но по неколку минути нѝ кажаа што навистина се случило. Холи имала тромбоза која стигнала до нејзиниот мозок”, раскажал Марк.
Поради сериозната состојба, девојчето било префрлено во болница во Лисабон.
“Таа беше во длабока кома, но со текот на времето почна да ги отвора очите, но не беше свесна”, објаснил нејзиниот татко.
Поради целата ситуација на нивната тригодишна ќерка, родителите одлучиле да направат кампања за собирање на пари на страницата “JustGiving”.

loading...