Трикови за мека и неиспукана уста

Loading...

Студената зима е најголем непријател за кожата особено за пределот околу устата. За да го спречите болното пецкање и пукање на устата ќе ви посочиме неколку делотворни трикови.
Шеа путер
Шеа путерот интензивно ја храни кожата, а најдобро делува на испукана уста. Овој путер е преполн со витамини кој ја хранат и лечат кожата. Нанесувајте  го редовно,  навечер и насабајле.
Шеќер
За да го постигнете ефектот на мека и нежна уста , потребно е редовно да се прави пилинг. Шеќерот е одличен и природен начин да и направите пилинг на вашата уста. Меѓутоа, доколку овој трик со шеќер го користите пречесто може да предизвикате и иритација на кожата. Најдете пилинг кој содржи шеќер или пак припремете ја смесата дома со комбинација од шеќер и масло.
Краставица
Ако устата ви е сува, свежата краставица успешно би ја  “смирила”.  Купете балзам кои содржи екстракт од краставица или земете свежа краставица, исечете ја  и ставете на устата да ви отстои десетина минути.
Кокосово масло
Ако користите кокосово масло, устата ќе ви биде мека, а испуканите области брзо ќе ви закрепнат. Кокосовото масло потребно е да го нанесувате еднаш дневно. Кокосовото масло, особено е корисно во студените денови.
Алое Вера
Алое Вера е одлично лековито средство, кое супербрзо ја заздравува оштетената кожа. Одлично е за испукана уста, ја лади кожата. Испуканата уста обично пецка и боли, со нанесување на алое вера би осетиле значително олеснување.Студената зима е најголем непријател за кожата особено за пределот околу устата. За да го спречите болното пецкање и п

loading...