Трикови кои ќе му помогнат на Вашето здравје и убавина

Без оглед на тоа какви проблеми имате за да потонете во сон, експертот за спиење, Ненси Х. Роштејн има трикови кои ќе Ви помогнат. Сите знаеме колку сонот е важен за здравјето на целокупниот организам, но не е секогаш најлесната мисија да заспиете на време и потоа да спиете квалитетно и убаво.
Меѓутоа со нашите трикови Ви гранатираме дека ќе бидете повеќе одморени и поубави.
Намалете го консумирањето на кофеин
Тој во Вашиот организам се задржува со часови, со што Ви го отежнува спиењето. Одбегнувајте внесување на пијалаци со кофеин после 14.00 часот и ќе ја забележите разликата.


Вежбајте наутро
Вежбањето навечер е во ред, но само доколку во своето тело обезбедите три часа после тренинг за смирување.

Водете сметка за течностите
Додека спиете, Вашата бешика е програмирана на тој начин да може да задржи повеќе урина. Доколку станувате навечер да мокрите, значи дека сте испиле премногу течности пред спиење. Одбегнувајте го тоа и намалете го внесувањето на течности неколку часа пред спиење.
Пауза од технички уреди
Сината светлина од Вашиот телефон, таблет или телевизор инхибира производство на мелатонин (хормонот кој го регулира циклусот на сон). Еден час пред да спиете исклучете ги сите уреди и погрижете се Вашиот телефон да не Ви е на дофат.
Опуштете се, буквално
Вашта телесна температура опаѓа кога спиете, па погрижете се температурата во собата да не биде превисока. Претопла просторија може да Ви го наруши сонот.
Одбегнувајте го копчето “snooze”
Овие 7 или една минута повеќе не е вистински сон. Подобро е да го подесите алармот точно на времето кога мора да станете.

Loading...