Трикови од старата школа за квалитетна деловна девојка

Loading...

Светот на бизнисот не може да се споредува со тоа, каков бил пред неколку децении, па дури и порано од тоа, но некои стари манири се безвременски.
ПИШУВАЈТЕ БЛАГОДАРНИЦА – не СМС или e-mail, туку вистинска порака во свој ракопис. Испратете ја до клиентот како знак на благодарност за добро решениот проблем, конструктивниот состанок или на идниот работодавач кој ве интервјуирал. Тоа ќе ве издвои од толпата на кандидати, ќе создадете професионална врска и ќе оставите личен печат.
ПОДГОТВЕТЕ ПОФАЛНИ Е-МЕЈЛОВИ  кои ви ѓи испратил шефот или менаџерот, во кои е документирано дека “добро сте ја завршиле работа”. Кога ќе дојде време да се процени исходот, ќе имате доказ дека добро сте ја извршувале вашата работа.
ИНТЕГРИТЕТ – однесувајте се правилно со секого, од оние на дното на пирамидата на оние на самиот врв. Никогаш не знаете кој ќе ви биде следниот шеф. И додека сте на работа, заборавете на озборување  и шпионирање на колегите.
ТРУДЕТЕ СЕ – не само за квалитетот на вашата работа, но и за вашиот изглед. Првиот впечаток првенствено се темели врз основа на изгледот. Од моментот кога ќе пристигнете на интервју за работа, па до моментот кога ќе одите во друга компанија, облекувајте се за да импресионирате. Ако изгледате неуредно, вие испраќате порака дека сте невешти или мрзливи или едноставно не можете да внимавате на повеќе работи во исто време.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Светот на бизнисот не може да се споредува со тоа, каков бил пред неколку децении, па дури и порано од тоа, но некои с

loading...