Трилече

Loading...

ЗА ПАНДИШПАН
6 јајца
300 г шеќер
300 г брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
ЗА ПРЕЛИВ
1 литар млеко
750 мл слатка павлака
250 мл млеко за кафе
ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ
карамел крем
Одделете ги белките од жолчките. Матете ги белките со шеќерот и ванилиниот шеќер додека ја добијат потребната цврстина. Непрекинувајќи со матењето една по една додавајте ги жолчките и матете додека се соединат со белките. Потоа додадете го брашното измешано со прашокот за печиво и мешајте со  лажица додека се соедини смесата. Нанесете ја во правоаголна тава (35 х 20 см) намрсена со путер.
Печете 10-тина минути на 200 степени, а потоа уште 20 минути на 180 степени.
Испечениот млак пандишпан превртете го на кујнска крпа.
Измешајте ги сите 2 вида млеко и слатката павлака.
Во тавата во која го печевте пандишпанот ставете половина од измешаното млеко. Врз него, така превртен ставете го пандишпанот и прелијте го преостанатото млеко. Откако ќе го впие млекото исечете го колачот на коцки, покријте го со најлонска фолија и добро изладете го во фрижидер.
Премачкајте со карамел крем и послужете.

loading...