Три активистки на Femen се разголија додека гласаше Берлускони

Loading...

Три активистки на украинското феминистичко движење Femen ја изведоа својата позната „топлес точка“ на избирачкото место во Милано, каде што во неделата гласаше лидерот на централно-десничарската коалиција, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, пренесе државната телевизија Rai News24.Во Италија, во недела и понеделник се одвиваат изборите за новиот состав на двата дома на националниот парламент – Сенатот и Домот на пратениците. Лидерот на победничката коалиција ќе го добие мандатот да ја состави новата влада.Според снимките на Rai News24, штом на гласачкото место се појавил Берлускони со неговите телохранители, трите странски државјанки почнале да извикуваат „Баста, Берлускони!“ (Доста е од Берлускони!) и го соблекле горниот дел од облеката, останувајќи само во фармерки.Полициските службеници веднаш ги уапсиле девојките и ги извеле надвор од зградата сместувајќи ги во полициско возило. Како што јавува агенцијата Agi, според првичните информации учеснички во оваа акција се две Украинки и една Французинка.
МакфаксТри активистки на украинското феминистичко движење Femen ја изведоа својата позната „топлес точка“ н

loading...
Loading...