Три бомби експлодираа пред канцеларии на политичари во Солун

Loading...

Три импровизирани експлозивни направи експлодираа во близина на канцелариите на тројца грчки политичари во Солун, при што нема повредени, соопшти полицијата.

 
Нападнати и оштетени се канцелариите на првиот заменик министерот за животна средина Ставрос Калафатис и пратениците Костас Ѓулекас и Јоргос Орфанос. Сите тројца се членови на владејачката централно-десничарска партија Неа демократиа.
Во сите инциденти биле предизвикани пожари, коишто брзо биле совладани, соопшти противпожарната служба на Солун.
Портпаролот на грчката влада Симос Кедикоглу ги осуди синоќешните подметнувања на пожарите. „Овие акти на тероризам нема да ја запрат владата. Напротив, тие потврдуваат дека сме на вистинскиот пат”, изјави Кедикоглу.
Во Грција се активни повеќе ултрарадикални левичарски и анархистички групи кои се` почесто преземаат слични напади врз канцеларии и домови на политичари, како и врз државни и финансиски институции. Жртви и настрадани се реткост во овие инциденти.
Makфакс
Три импровизирани експлозивни направи експлодираа во близина на канцелариите на тројца грчки п

loading...