Три хороскопски знаци кои имаат „најкраток фитил“

Loading...

Ги знаете ли оние луѓе кои кога ќе се пошегувате на нивна сметка кисело ќе се насмевнат, ќе се налутат за најмала ситница и ќе се одмаздат кога најмалку очекувате? Тие најверојатно во хороскоп се некој од овие три знаци.
Овен: Овенот е огнен знак и има многу краток фитил. Ако нешто за многумина е скоро и незабележлива ситница, тие то аможат да го доживеат како напад на нивното его. А тогаш спасувајте се колку можете. Нивните бурни реакции некогаш се толку непромислени и неоправдани што ќе ве остават без текст. Доколку се пошегувате на нивна сметка, а тој тоа го сфати како прозивка – подготвен е бурно да реагира и демонстративно да ја напушти забавата, кафулето, станот… Втората варијанта е да ве вовлече во расправија која може да трае со часови, се додека тој не излезе како победник. Исто така, тој е големо злопамтило. Сепак, личноста во овој знак е убаво да ја името во својот живот.
Лав: Лавот и неговата суета која го следо на сите животни полиња. Доколку му ја повредите, очекувајте одмазда. Лавот е саможив и сака да се однесува како дива, особено ако намисли дека е оштетен или повреден на некој начин. Кога знае дека нема аргументи на своја страна, расправата ќе ја напушти со викање, галама и трескање на врати. Дури и кога знае дека згрешил нема да се јави прв, па макар и целиот свет да се сруши. Поради својата суета жртвуваат врски и пријателства кои ги граделе со години.
Шкорпија: Шкорпиите не треба многу за да ги налутите, а ако се разбеснети подготвени се на најниски удари, провоцирање и боцкање, навреди, а некогаш и пцовки кон оној кој го предизвикал бесот. Премногу се лабилни, нивните реакции не може да се предвидат, а секоја караница ја преживуваат многу емотивно. Кога е повредена нема да биде мирна додека не се одмазди некому за кого смета дека и предизвикал болка. Бидејќи одмаздата се сервира ладна, лукаво ќе ја подготвува и ќе чека вистински момент за да ја спроведе. Така што, ако се најдете на мета на Шкорпија, немојте да се изненадите ако не знаете што сте и направиле – тоа може да биде и непромислен коментар кој сте го упатиле пред неколку години, за кој никој не се сеќава освен Шкорпијата.

loading...