Тројца повредени во земјотресот во Загреб, едно дете меѓу повредните, државниот врв на вонреден состанок

Loading...

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ соопшти дека по првите информации, три лица се повредени во земјотресите кои утринава во 6:24 и 7:01 часот го погодија главниот град Загреб.
Меѓу повредените било и едно дете кое е пренесено во болница.
Градоначалникот Милан Бандиќ утринава истакнал дека нема информација за евентуални жртви.
Неколку медиуми објавија дека неколку луѓе се наоаѓаат под рушевините.

Во земјотресот се срушила кулата на главната катедрала.
Од министерството за внатрешни работи апелираа граѓаните да излезат надвор од објектите, но да држат растојание од себе поради заштита од коронавирусот.
Државниот врв за денеска најави вонреден состанок по утринските два земјотреси во Загреб, едниот со јачина од 5,5 степени, и вториот со 5,0 степени според Рихтеровата скала.

loading...