Тројца ранети во пукањето пред италијанската влада

Loading...

Три лица, од кои двајца карабинери и една случајна минувачка се ранети во неделата во Рим кога еден маж отвори оган пред резиденцијата на премиерот на италијанската влада Киџи, токму во периодот кога целата влада на Енрико Лата полагаше заклетва во претседателската палата Квиринале, околу еден километар подалеку.

 Како што пренесува агенцијата Ansa, еден од полицајците е во тешка состојба. Тој е ранет во вратот. Полесно е повредена и една случајна минувачка.
На местото на пукањето е уапсен маж, но засега не е познато дали овој напад е поврзан со полагањето заклетва на новата влада со која треба да заврши двомесечната политичка криза во Италија која ја зафати земјата откако на парламентарните избори одржани на 24-ти и 25-ти февруари не беше добиен јасен победник.
Ansa пренесува дека уапсениот маж за отворање на оган пред канцеларијата на премиерот е Италијанец роден 1964 година во Калабрија, како и дека станува збор за ментални проблеми. Тој, наводно, е повреден при обидот да побегне. Идентификуван е како Луиџи Преити, кој според очевидци на местото на инцидентот дошол облечен во костум и со вратоврска и испукал шест до осум куршуми кон карабинерите.
Министерката за правда Ана Марија Канчелиери којашто во минатата технократска влада го раководеше министерството за внатрешни работи смета дека Приети дејствувал сам.
„Ова е вознемирувачки факт, но јас не верувам дека тука има место за некаква режија”, изјави Канчелиери. Истакнала дека треба да се спроведе целосна истрага за ова кривично дело, но ја изрази претпоставката дека станува збор за „изолиран чин, кој го извршил ментално неурамнотежен човек”. Сличен став изразува и градоначалникот на италијанската престолнина Рим, Џани Алемано.

 
МакфаксТри лица, од кои двајца карабинери и една случајна минувачка се ранети во неделата во Рим кога еден маж отвори оган пр

loading...
Loading...