Тулумби

Loading...

Состојки
тесто
2 лаж. путер
2 лаж. шеќер
2 чаши вода
2 и 1/2 чаши брашно
3 јајца
2 лаж. нишесте
масло за пржење
шербет
3чаши шеќер
3 и 1/2 чаши вода
сок и резанки од 1 лимон

1. Во тенџере додадете путер, 2 лажици шеќер и 2 чаши вода. Вклучете ја ринглата и мешајте додека не се стопи путерот.
2. Промешајте го брашно користејќи дрвена лажица додека не се формира лабаво тесто. Кога тестото започнува да се собира околу лажицата оставете го настрана да се излади.
3. Се крши едно по едно јајце во тестото и се промешува со дрвена лажица. На крајот додадете го нишестето и промешајте.
4.Тестото ставете го во шприц и формираните тулумби пржете ги во ладен зејтин кој постепено ќе се загрева.
5. Пржените врели тулумби веднаш ставајте ги во ладен шербет. Мешајте ги и преливајте ги со шербет додека убаво не повлечат од шербетот. Во оригиналниот рецет оди и гриз, но јас го изоставив.
На здравје!!!

loading...