Туниска салата

2 варени, лупени јајца
1 зелена или црвена пиперка
2 домата
1 врзоп млад кромид
2-3 инчуна
10 зелени маслинки без семки
1 чили пиперче
185 г конзервирана туна
1 лажица зрна капари
сол и мелен црн пипер
ЗА ПРЕЛИВ
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
2 лажици вински оцет
1 лажица лимонов сок
1 лажица исечкан магдонос
2 лажички сусам
Јајцата, пиперката, доматите, кромидот, инчуните и маслинките ситно исечкајте ги, и ставете ги во длабок сад. Посолете и наросете мелен црн пипер.
На загреано маслиново масло запржете ги исечканиот лук и сусамот. Додадете ги лимоновиот сок, оцетот и магдоносот. Нанесете го преливот на салатата и промешајте. 

 

Loading...