Турист на летување барал тајландска масажа за да се опушти, а еве што добил

Австралиски турист, се шокирал кога на грбот видел голема, црвена рана, која настанала после масажата, за која мислел дека ќе го опушти.
Кандисе Реисон и нејзиниот сопруг Метју биле на летување во Бали, кога решиле да се почестат со релаксирачка масажа.
Се решиле за релаксирачката масажа „go jek“, (тоа е услуга во која масерот доаѓа кај вас), бидејќи тие биле премногу уморни за да излезат надвор.
Кога му дошло ред на нејзиниот сопруг, масерот го прашал „дали сака да ги извади црвените змејови од него“, пренесува „Daily Mail“.


Бидејќи не разбрале што им рекол, Кандисе рекла дека нејзиниот сопруг „ќе проба сè“.
Масерот почнал да го масира со монета, велејќи му дека другиот ден ќе биде како црвен змеј.
Овој начин на лечење се вика „gua sha“ и со него треба да се ослободат нечистотиите од мускулното ткиво.


Следниот ден Метју на целиот грб имал црвени траги.
И покрај изгледот на неговиот грб, рекле дека на крајот сепак сето тоа го сфатиле како забава.
Меѓутоа, Метју рекол дека после масажата не го болел грбот, иако дотогаш имал хронични болки.
Еве како изгледал неговиот грб после масажата.